дома Хроника Пешак од Крива Паланка тешко повреден

Пешак од Крива Паланка тешко повреден

На 06.12.2021 во 16:00 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Крива Паланка, патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(44)  од Крива Паланка удрило во пешакот С.М.(45) од Крива Паланка.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.