дома Македонија Таравари жали по Алтернатива: Тешко ми е што не сме веќе заедно

Таравари жали по Алтернатива: Тешко ми е што не сме веќе заедно

Жал ми е, имавме супер соработка со Алтернатива, ако ме прашате дали ми е тешко што не сме веќе заедно, ќе кажам ДА, тешко ми е. И жал ми е што е така, рече генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ каде што гостуваше .

-Ќе беше подобро да бевме заедно, да имавме 12 пратеници и заедно да се бориме да ги симнеме ДУИ од Владата. Но тоа е одлука на Алтернатива. Нека продолжат така. Нека им е со среќа“, истакна Таравари.