дома Религија ПОКЛОН ПРЕД МОШТИТЕ НА СВ.ВАСИЛИЈ: Во црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Струмица...

ПОКЛОН ПРЕД МОШТИТЕ НА СВ.ВАСИЛИЈ: Во црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Струмица изложени мошти на Свети Василиј!

Мошти на Свети Василиј се изложени во струмичката црква „Свети Кирил и Методиј“. Верниците можат да се поклонат пред моштите од синоќа по одржувањето на вечерната служба во црквата.

– Струмица е привилегирана што ги има дел од моштите на Свети Василиј, столбот на светото православие, велат свештениците од струмичката епархија на МПЦ-ОА.

На празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, денеска во сите храмови во Струмица, согласно светоотечкото предание, со благослов на Митрополит Струмички г.Наум, ќе бидат поделени лепчиња со паричка, а на тој што ќе му се падне паричката ќе добие благословен подарок од владиката Наум.