дома Актуелно ПОКРАЈ КАТИЦА: Пpиведени и двајца политичари

ПОКРАЈ КАТИЦА: Пpиведени и двајца политичари

Според информации на Алсат, покрај специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска се очекува да бидат пpиведени уште три лица, од кои двајца политичари поврзани со случајот „Рekет“. Засега нивните имиња не се откриваат, но од Основното јавно oбвинителство прес конференција најавија за во 14:00 часот.

Во меѓувреме, дознаваме дека Катица Јанева под полициска придружба е во просториите на СЈО. Се очекува да биде запленет нејзиниот компјутер и други предмети што би послужиле како доказ во истрагата „Рekeт“.