дома Актуелно Полицијата врши претрес во канцелариите на Јанева во СЈО, како и во...

Полицијата врши претрес во канцелариите на Јанева во СЈО, како и во домот во Гевгелија

Специјалната обвинителка Катица Јанева со полициска придружба е однесена во СЈО, каде што во нејзино присуство полицијата врши претрес на во работните простории. Полицајци вршат претрес и во нејзиниот дом во Гевгелија.


Откако вчера беше на распит, Јанева денеска беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, по налог на обвинителката Вилма Русковска.

Некои медиуми јавија дека е во тек и операција за приведување на други лица во склоп на предметот „Рекет“.