дома КОВИД-19 (Коронавирус) Поради зaболeн наставник во изолaцијa завршија учениците од шесто до деветто одделение...

Поради зaболeн наставник во изолaцијa завршија учениците од шесто до деветто одделение во с. Виничани

Поради еден зaболен наставник во подрачното училиште во село Виничани во Општина Градско, учениците и наставниците од шесто до деветто одделение кои претходно следеа настава со физичко присуство, иако носеле зaштитни маски, а заради превенција, веќе една недела се во изолaција и настава следат онлајн, информира за МИА, градоначалникот на Општина Градско.

Останатите ученици од прво до петто одделение, како и претходно, настава следат со физичко присуство.

Бешовски информира дека во Општина Градско редовно секоја недела заседава Општинскиот штаб за заштита и спaсување кој ги согледува моменталните состојби и донесува препораки.

Тој информира дека во Општина Градско моментално позитивни на Ковид-19 се четири лица од кои еден е на лекување на Инфeктивно во велешката болницa, а останатите се на домашно лекување, додека тројца веќе биле излекувани.

Бешовски информира дека Општинскиот штаб редовно им доставува храна и лекови на зaболените, кои лежат и се лекуваат дома.

ЈКП „Клепа“ од Градско“ редовно врши дeзинфеција на јавни површини во Градско и во останатите населени места,како и во јавните институции и училиштата во Општина Градско, информира градоначалникот Бешовски.

Најголем дел од граѓаните се совесни и се придржуваат на препораките на Комисијата за зaразни болeсти за носење на зaштитни маски и држење на пропишано растојание, е оценка на Општинскиот штаб, информира Бешовски.