дома Европа Укpaинcкиoт министер за здpaвcтвo: “Блиcкy cмe дo кopoнa-kaтacтpoфa

Укpaинcкиoт министер за здpaвcтвo: “Блиcкy cмe дo кopoнa-kaтacтpoфa

Состојбата со коронавирусот во Украина е скоро катастрофална и земјата мора да се подготви за најлошото, изјави денеска министерот за здравство Максим Степанов.

Украина забележа рекордни 8.899 нови случаи во последните 24 часа, што е пораст од 30 октомври, кога имала 8.312.Вкупниот број на заразени изнесува 411.093, со 7.532 смртни случаи.

„Ситуацијата се претвора од тешка во катастрофална. Мора да се подготвиме за неизбежното – невозможно е лесно да се помине низ вториот бран“, рече Степанов пред парламентот.

„Ако Украинците продолжат сериозно да ги кршат правилата, нема да избегнеме катастрофа. Најтешкиот дел е пред нас“, додаде тој.

Дневниот број на заразени започна да се зголемува кон крајот на септември и во текот на октомври остана континуирано висок, принудувајќи ја владата да ги продолжи мерките за затворање до крајот на оваа година.

Украина воведе строг карантин во март, но ги ублажи мерките во мај. Степанов рече дека владата разгледува како да се зачува економијата, а во исто време да се спасат луѓето.

Минатиот месец, тој рече дека Украина ќе воведе построги мерки доколку дневниот број на случаи порасте од 11.000 до 15.000. Тој предупреди дека ресурсите на здравствениот систем ќе исчезнат доколку бројот на дневни случаи надмине 20.000.