дома Македонија Почнаа 3akaните кон народот:Кој нема да се попише ќе добие пет години...

Почнаа 3akaните кон народот:Кој нема да се попише ќе добие пет години 3aтвop

Темата за организирање на попис во Македонија по долги години ги вжешти коментарите на граѓаните кои се поделени по ова прашање. Дел од нив се за попис, дел сметаат дека од статистички процес тој ќе премине во политички, а дел пак и најавуваат дека нема да се попишат или нема да ги вреднуваат резултатите на истиот.

Токму поради тоа вчеравечер во текот на свое телевизиско гостување Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика (ДЗС) се закани дека кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.

„Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска, по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава, ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“, нагласи Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика во емисијата „Вин вин“.

Симовски потенцираше дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат пет години затвор.

„Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава“, рече Симовски.