дома Хроника Пoжap из6yвнa вo кyќa вo цeнтapoт нa Штип: Oвa ce дeтaлитe

Пoжap из6yвнa вo кyќa вo цeнтapoт нa Штип: Oвa ce дeтaлитe

Гори стара куќа во централното градско подрачје на Штип во близина на Трговскиот и хотелот „Гарни”, позната како Старо забавиште. 

Станарите кои живеат од куќата навреме ја напуштиле откако ги виделе огнените јазици од една од собите во приземјето.

Командирот на ППЕ, Тони Атанасов вели дека од девет часот пожарникари со три противпожарни возила го гаснат огнот во старата куќа која што е изградена од кал и греди и затоа има можност во секој момент повторно да се разгори огнот.

-До пред половина час го санирале огнот, но во моментов повторно е разгорен, вели Атанасов токму поради тоа што тлеат гредите.

Во моментов во Општина Штип, градоначалникот има состанок со надлежните институции за наоѓање на решение и за сместување на семејствата кои живееле во оваа стара куќа.

Во куќата, според првичните информации, живееле околу десетина семејства, сместени преку ЈП за станбен и деловен простор, но има и семејства кои на диво се населиле во неа.

Според Атанасов и според исказите на очевидци, пожарот почнал од соба во приземјето, по што се проширил огнот кон останатите делови на куќата.

Ова не е првпат оваа куќа да гори. Пред неколку години беше запалена кровната реконструкција.