дома Актуелно ПОЧУВСТВУВАН НОВ ПОТРЕС: Нов краток потрес почувствуван нешто пред 21 часот

ПОЧУВСТВУВАН НОВ ПОТРЕС: Нов краток потрес почувствуван нешто пред 21 часот

Нов краток потрес, со помала силина предмалку беше почувствуван во Скопје и е четврт по ред денес, откако изутрината две минути пред седум часот силен земјотрес со магнитуда од 4.4 степени по Рихтер ги разбуди Скопјани

 

Попладнето следеше нов земјотрес, значително посилен кој беше регистриран со магнитуда од 5.4 степени по Рихтеровата скала, а според европската Медитеранска опсерваторија двата имале ист епицентар односно во близина на Смилковци во скопско каде што минатиот месец имаше катаклизмични поплави.

Веднаш потоа, некаде пред 18.00 часот следеше уште еден краток потрес најверојатно таканаречен афтершок или ударен бран кој следи по првичниот.

Предмалку беше почувствува уште еден, неколку минути пред 21 часот!