дома Актуелно УШТЕ ЕДНО, НОВО ВИДЕО: Погледнете колку силно тресеше во зградата на МРТВ...

УШТЕ ЕДНО, НОВО ВИДЕО: Погледнете колку силно тресеше во зградата на МРТВ и каква паника се направи помеѓу присутните!

Композиторот и музичар Емин Џијан објави снимка од моментот кога се случи силниот земјотрес во Скопје.

Снимката е од проба на оркестарот ФАМЕС, кој е сместен во зградата на Македонската телевизија. Како што може да се види, одеднаш музичарите срипуваат од столчињата и тргнуваат бргу да ја напуштат салата во која ја изведуваат пробата.