дома Социјални Мрежи ПРОБЛЕМИ ВО РАЈОТ: Од 3 до 5 милиони Романци ја напуштиле Романија

ПРОБЛЕМИ ВО РАЈОТ: Од 3 до 5 милиони Романци ја напуштиле Романија

Поразителна е статистиката на луѓе кои емигрирале од Романија иако таа е земја членка Европската Унија. Новинарот и поранешен дописник за МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ открива податоци директно од Брисел за катострофалниот одлив на умови од Романија. Според податоците кои ги презентираше Нонковиќ на својот Фејсбук профил Романија доживеала најголем пораст на емиграција од сите земји членки на ЕУ, а  последните податоци на Светска банка велат дека од 3 до 5 милиони жители ја напуштиле државата засекогаш иако Романија има популација од само 19,6 милиони жители.

 

Уште попоразително е што државата ја напуштила една петтина од работспособното население или околу 2.6 милиони жители. Нонковиќ за крај потсети дека на Романија и се отвориле портите на рајот во 2004 година со влезот во НАТО и во 2007 година со влезот во ЕУ.