дома Хроника Пронајдена мpтвa жена во реката Брегалница кај Штип

Пронајдена мpтвa жена во реката Брегалница кај Штип

Безживотно женско тело било пронајдено во реката Брегалница кај Штип.

Како што информираа од СВР Штип, на 28.02.2021 во 11.22 часот во СВР Штип било пријавено дека во водите на реката Брегалница, во близина на место викано „Стара Кланица” било забележано тело на женско лице. Телото било извадено од реката, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.