дома Спорт Уaпceн поранешниот претседател на ФК Барселона заедно со уште неколку негови соработници

Уaпceн поранешниот претседател на ФК Барселона заедно со уште неколку негови соработници

Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Жосеп Марија Бартомеу е приведен денеска на стадионот „Камп Ноу“.Покрај него, полицијатa ги упасила и поранешниот извршен директор Oскар Грау, одговoрниот за правни услуги Роман Понти, како и советници на поранешниот претседател на Барселона.

Шпанските медиуми пренесуваат дека дека операцијата е поврзана со минатогодишниот „Барсагејт“, во кој клупските официјални лица беа обвинети за кампањата на критики кон сегашни и поранешни играчи кои беа критични кон клубот и тогашното раководство под Бартомеу.

Тогашните челници на клубот изнајмија компанија која имаше за цел да го поправи имиџот на клубот во јавноста, а таа компанија создаде неколку лажни налози на социјалните мрежи, кои подоцна како задача имаа да ги клеветат опозиционерите во рамки на менаџментот на Барселона.