дома Хроника Професорка од Правен привeдeна на скопскиот аеродром

Професорка од Правен привeдeна на скопскиот аеродром

Рано утринава се случувала вистинска драма на скопскиот меѓународен аеродром.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во 02:30 часот полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање.

Според полицијата, таа непристојно и дрско се однесувала и ги навредувала полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

Неофицијално, како што објави Фокус, станува збор за професорка на скопскиот правен факултет, која всушност направила инцидент кога и била побарана потврда за вакцинација.

Нејзе и бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.