дома Актуелно Moќно видео на Христијан Мицкоски – Ова е слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за...

Moќно видео на Христијан Мицкоски – Ова е слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за престојните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на почетокот на кампањата за локалните избори објави моќно видео на својот Фејсбук со кое го одблежа почетокот на изборната кампања.

Преку видеото се испраќа моќна порака за создавање на нова иднина со која се порази апатијата и хаосот во кој живее народот.

-Дали живеете подобро? Дали ова што се случува е нормално? Гледаме апатија и хаос. Луѓето се разочарани.

Поделбите мора да запрат. Народот да се обедини.

Иднината е во промените кои доаѓаат, а ќе ги донесете вие. Промени кои создаваат проекти, проекти кои создаваат победи, победи кои носат нова иднина. Подобра, посветла и посреќна. Со ваш печат! Заслужена!

Имаме програма и гарантираме дека ќе ја исполниме! Поучени од грешките, со искоренети слабости, свесни за одговорноста која ја преземаме.

Излези и избори се!

Создади нова иднина, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Видеото погледнете го тука.