дома Свет Пoчинa млaд фудбaлер на Јувентус, Погба се прoсти со емoтивна порака

Пoчинa млaд фудбaлер на Јувентус, Погба се прoсти со емoтивна порака

17-годишниот фудбалер на Јувентус, Брајан Додиен ја загуби борбата со ракот.

На Брајан Додиен во 2015 година му беше дијагностициран рак. Тој беше еден од младите играчи кои беа поврзани со Погба.

Во декември 2015 година, Погба еден од погодоците во Јувентус му ги посвети на Додиен, тој покажа маица на која пишуваше: „Брајан со тебе сум“.

Додиен во 2019 година му се врати на фудбалот, играше за Јуве У15, но две години подоцна го загуби животот.

„Најтажни вести. Моите мисли и молитви се со сите твои блиски. Никогаш не е лесно кога ќе загубиш некој кој го сакаш, но никогаш нема да те заборавам. Почивај во Мир Брајан, ќе недостасуваш“, напиша Погба.

Објавата можете да ја погледнете тука.