дома Свет Тaлибaнците со coлзaвец ги рacтуриjа прoтеcтите на жeните во Кaбул

Тaлибaнците со coлзaвец ги рacтуриjа прoтеcтите на жeните во Кaбул

Талибанските власти ги прекинаа демонстрациите на десетици жени во Кабул, кои бараат права по преземањето на талибанците на Авганистан. Групата вели дека талибанците ги нападнале со солзавец додека се обидувале да одат од мост до претседателската палата

Според талибанците, протестот излегол од контрола, пренесе авганистанскиот медиум „Толо њуз“. Ова е најновиот од серијата протести на жени во Кабул и Херат.

Тие бараат право на работа и вклучување во владата. Талибанците велат дека во наредните денови ќе го објават составот на нивната власт. Велат дека жените може да бидат вклучени во владата, но не и да извршуваат министерски функции.

Многу жени се плашат од враќање на начинот на кој беа третирани кога талибанците беа на власт помеѓу 1996 и 2001 година. Жените беа принудени да ги покриваат лицата кога се надвор, а беа изрекувани и строги казни за помали престапи.

– Пред 25 години, кога дојдоа талибанците, тие ме спречија да одам на училиште. По пет години од нивното владеење, учев 25 години и работев напорно. Заради нашата подобра иднина, нема да дозволиме ова да се случиж, изјави за „Толо“ новинарката Азита Назими.