дома Хроника Пpивeдeни тpojцa cкoпјaни: Пpи извpшeн пpeглeд кaj нив билa пpoнajдeнa мapихyaнa

Пpивeдeни тpojцa cкoпјaни: Пpи извpшeн пpeглeд кaj нив билa пpoнajдeнa мapихyaнa

Полицијата во одделни акции вчера привела тројца скопјани кои при преглед биле фатени со марихуана.

Едниот бил приведен синоќа во 21.30 часот на Средно Водно, а станува збор за 31-годишник.

Вториот приведен е 19-годишен скопјанец кој бил затекнат со марихуана еден час порано, во близина на Железничката станица.

Во третиот случај станува збор за 20-годишник, приведен во Чаир.

Од МВР велат дека по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.