дома Актуелно Maкeдонија ќe кyпyва вakцини за кopoна пpeку нeвлaдинa opганизација пoддpжaнa од Бил...

Maкeдонија ќe кyпyва вakцини за кopoна пpeку нeвлaдинa opганизација пoддpжaнa од Бил Гejтс

На вчерашната владина седница беше усвоена информацијата за склучување договор за преземени обврски помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за Ковид-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини протв коронавирусот.

Како што информираат од владината прес-служба, на седницата прифатен е текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините.

Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за остварување на оваа набавка и го овласти министерот за здравство, Венко Филипче, да го потпише договорот за преземни обврски со Глобалниот сојуз за вакцини.

Во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата треба да се обезбедат потребните финансиски средства за да се изврши уплата на аванс и да се обезбеди финансиска гаранција согласно потпишаниот договор за преземени обврски со GAVI ALLIANCE .

Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата во 1999 година донира 750 милиони долари за старт на ГАВИ алијансата за вакцинација. До ден денес Фондацијата на Гејтс има инвестирано повеќе од 4 милијарди долари во ГАВИ алијанската.

Поради поддршката на Фондацијата на Гејтс, милијардерот и неговата невладина организација имааат постојано седиште во бордот на ГАВИ.

За ГАВИ, Гејтс вели „најдобрата инвестиција која некогаш сме ја имале“.

Извор: GAVI