дома Балкан Радев денес ќе го врачи мандатот за состав на новата Влада во...

Радев денес ќе го врачи мандатот за состав на новата Влада во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев, утринава го врачува мандатот за формирање нова влада на мандатарот предложен од најголемата пратеничка група во Народно собрание – „Промените продолжуваат“.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, церемонијата ќе се изврши во 10 часот во бугарското Претседателство.

Коалицискиот договор вчера го потпишаа победниците од „Промените продолжуваат“, „Демократска Бугарија“, „Има таков народ“, како и од БСП, откако нејзината лидерка во оставка, Корнелија Нинова, доби мандат од партиското раководство да го потпише.