дома Македонија Се зголемува бројот на забрани на повеќе патни правци – утрово доколку...

Се зголемува бројот на забрани на повеќе патни правци – утрово доколку тргнувате на пат ова мора да го имате на ум

Автомото Сојузот на Македонија информира дека поради обилни врнежи од снег, забрани за сообраќај на тешки моторни возила има на следниве патни правци:

Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража

крак Маврово – Жировница

Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека

Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато

Струга – г. п. Ќафасан

На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси.

За останатите типови на возила, на овие правци задожителна е употреба на зимската опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.