дома Свет РАСПЕАНИ ТЕРОРИСТИ СЕ САМОРАЗНЕСОА: Пееа, играа и на крајот несакајќи активираа бомба!

РАСПЕАНИ ТЕРОРИСТИ СЕ САМОРАЗНЕСОА: Пееа, играа и на крајот несакајќи активираа бомба!

На интернет се појави снимка на која се гледа како осум сириски терористи случајно активираат бомба додека се обидуваат да снимат селфи-фотографија.

Милитантите, наводно припадници на Слободната сириска армија, се собрани пред камера со пушки пред нив, најверојатно за да снимат пропагандно видео.

Еден од терористите крева мобилен телефон за да сними селфи.

Во моментот кога камерата штрака, телефонот по сѐ изгледа е поврзан со импровизирана експлозивна направа и во собата се активира експлозија, пишува Фанкер530, сајтот на кој првично била објавена снимката.

По експлозијата камерата паѓа на подот, додека чад и оган ја исполнуваат просторијата, а дел од луѓето скокаат преку видео-опремата во обид да избегаат. Се слуша и „Алаху акбар“ додека бегаат.

Автентичноста на снимката сѐ уште не е потврдена и нема информации дали некои од милитантите биле повредени од експлозијата.