дома Временска Прогноза AТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ДЕНЕС ЌЕ ЈА ДЕСТАБИЛИЗИРА АТМОСФЕРАТА НАД МАКЕДОНИЈА

AТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ДЕНЕС ЌЕ ЈА ДЕСТАБИЛИЗИРА АТМОСФЕРАТА НАД МАКЕДОНИЈА

Денес поради влијанието на фронталниот систем која ни се приближува од запад и северозапад ќе настапи дестабилизирање на атмосферата во Македонија. Поради тоа денес (17.09.2016) времето во Македонија ќе биде сончево , топло и спарно со умерена облачност. Ќе биде ветровито , односно ќе дува умерен , на некои места повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд , грмежи и засиелен ветер. Локално не се исклучува можноста за поинтензивни атмосферски процеси.

Температурата ќе се движи во интервал од 25 до 33 степени.

Временската прогноза ја подготви:

Славчо Попоски