дома Социјални Мрежи Светската музичка ѕвезда Бебе Реџа се потсети на детството во Македонија –...

Светската музичка ѕвезда Бебе Реџа се потсети на детството во Македонија – ја сподели нејзината омилена фотографија од младоста во Гостивар

Пејачката Бебе Реџа на Инстаграм објави фотографија со нејзината прабаба, направена во Гостивар, кога таа имала 4 години.

„Јас и мојата прабаба во Македонија“, напиша популарната пејачка.

Пејачката со албанско потекло е родена во Њујорк, а нејзините родители се од Дебар и Гостивар. Таа има американско и македонско државјанство и во јавноста често зборува за нејзиното потекло.