дома Балкан Boвeдeни cтpoги мepки вo чeтиpи peгиoни вo ceвepнa Грција пopaди eпидeмиoлoшкaтa cocтojбa

Boвeдeни cтpoги мepки вo чeтиpи peгиoни вo ceвepнa Грција пopaди eпидeмиoлoшкaтa cocтojбa

Во четири региони во северниот дел на Грција, односно во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела и Кавала од денеска е воведен полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден. Конкретните региони, поради епидемиолошката состојба се префрлени во црвената зона, а истите мерки се продолжуваат во уште две области, Арголида на Пелопонез и Евританија во централна Грција.

Регионите Илија, Ахаија и Месинија на Пелопонез, островот Икарија и градот Ираклио на Крит, од црвената преминуваат во портокаловата зона и се укинуваат рестрикциите што важеа до вчера.

Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.