дома Европа Седум ЕУ земји почнаа да го издаваат „зелениот ковид пасош“, системот целосно...

Седум ЕУ земји почнаа да го издаваат „зелениот ковид пасош“, системот целосно ќе се воспостави до први јули

Седум земји-членки на Европска Унија од денеска воведуваат систем на сертификат за ковид-19 за патувања, а во цела ЕУ во сила ќе стапат од 1 јули.

Како што соопшти Европска комисија од денеска ковид пасош воведуваат Грција, Бугарија, Германија, Данска, Полска, Хрватска и Чешка, со што ќе биде олеснето патувањето.

Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози вакцина, имаат негативен тест или прележале ковид-19.

Условите ќе варираат бидејќи одлуките се носат на национално, а не на ниво на ЕУ.