дома Свет СИЛНА ЕКСЛОЗИЈА ОДЕКНА ДОЦНА СИНОЌА КАЈ АЛЕПО

СИЛНА ЕКСЛОЗИЈА ОДЕКНА ДОЦНА СИНОЌА КАЈ АЛЕПО

Силна експлозија одекна доцна вечерва во реон под контрола на сириската Влада, јужно од Алепо, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.


ксплозијата е непозната, како и евентуалната мета, но во реонот се распоредени ирански сили, како и припадници на авганистанската проиранска милиција Лива Фатимиун, која е поддржана од властите во Дамаск.

Раководителот на сирискиот центар, чие седиште се наоѓа во Лондон, Рами Абдел Рахман истакна дека засега не е познато дали станува збор за случајна експлозија во магацин за оружје или за воздушен напад.