дома Свет ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ И ПАПАТА ФРАНЦИСКО СО ЗДУЖЕНИ СИЛИ:Бараат начин да влијаат за...

ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ И ПАПАТА ФРАНЦИСКО СО ЗДУЖЕНИ СИЛИ:Бараат начин да влијаат за да сопре крвопролевањето во Сирија

Патријархот Кирил соопшти дека со папата Франциско телефонски разговарале за воздушните напади што САД, Велика Британија и Франција ги изведоа во Сирија.

Патријархот Кирил пред новинарите рече дека Христијаните не можат да останат на страна, гледајќи што се случува во Сирија, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

„Планираме во блиска иднина, можеби вечерва или утре, да продолжиме со консултации за на некој начин да се обидеме да влијаеме врз ситуацијата во Сирија, со цел да сопре крвопролевањето“, порача патријархот.