дома Свет СИРИСКИ ФУНКЦИОНЕР: Западот само бара повод да нѐ нападне

СИРИСКИ ФУНКЦИОНЕР: Западот само бара повод да нѐ нападне

Заменикот на претседателот во сирискиот парламент рече дека верува оти Западот го користи хемиското оружје како изговор за нападите врз неговата земја.

Наџдар Анзур наведе дека западните земји сакаат мировни разговори во Женева со предуслов да се направи нацрт на нов устав, да се оддржат претседателски избори и да се формира влада во која би влегле вооружаните опозициски групи.

Според неговите зборови, такви предуслови за продолжување на мировните преговори се неприфатливи и невозможни.

САД, Велика Британија и Франција изведоа удари на сириски цели, за кои тврдат дека биле клучни во сириската хемиска програма.