дома Хроника Тешка сообраќајка пред малку во Црниче, автомобил yдpи велосипедист

Тешка сообраќајка пред малку во Црниче, автомобил yдpи велосипедист

Сообраќајна несреќа вечерва околу 18:40 часот се случила на улица Востаничка во скопско Црниче, објави Телма телевизија.

Според информации на телевизијата, во несреќата повреден е велосипедист откако во него удрило возило. По падот, повредениот останал да лежи на влажниот коловоз десетина минути, а за тоа време насобраните граѓани му помагале и успеале да го освестат.

Откако пристигнало возило на Итната помош, пружена му е лекарска помош и повредениот е префрлен во болница.

За време на несреќата врнело дожд, а полицијата врши увид преку кој ќе се утврдат причините.