дома Религија Традицијата продолжува: Светиот благодатен оган ќе пристигне в сабота

Традицијата продолжува: Светиот благодатен оган ќе пристигне в сабота

Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека на 1 мај кога се празнува Велика сабота, во нашата држава во вечерните часови ќе пристигне светиот благодатен оган на меѓународниот аеродром во Скопје.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски на меѓународниот аеродром во Атина, Република Грција ќе го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси два милениуми се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото Воскресение на Велика Сабота.

По пристигнувањето Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата. Директорот на Комисијата Сотировски по доаѓањето светиот оган ќе му го предаде на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец во Скопје.

Од комисијата потсетуваат на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од коронавирусот, со особен акцент за задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив.