дома Балкан Уkинато задолжителното носење на зaштитни маски на отворено во БиХ

Уkинато задолжителното носење на зaштитни маски на отворено во БиХ

Владата на Федерацијата БиХ одлучи денеска да ја укине мерката за задолжително носење маски на отворено, освен на местата каде не е можно да се одржува препорачаното растојание.

Одлуката е донесена на предлог на Кризниот штаб и таа е конечна, соопшти Владата на БиХ.

Маските ќе бидат задолжителни само на места како што се пазарите, пероните, автобуските, трамвајските и тролејбуските станици.

Исто така, се наведува дека на ниво на Федерацијата БиХ, седумдневната инциденца изнесува 145 случаи на 100.000 жители, додека ситуацијата во Херцеговско-неретванскиот, Западнохерцеговскиот и Посавскиот кантон е особено загрижувачка.(МИА)