дома Магазин ТРАМП ЈА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИ: Сега Хилари Клинтон претрпе пораз и од...

ТРАМП ЈА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИ: Сега Хилари Клинтон претрпе пораз и од Меланија

Иако многу светски дизајнери одбија да работат на креации за Меланија Трамп, таа сепак ќе биде на насловната страница на модната „библија“, односно списанието „Вог“.

Оваа информација ја соопшти Ана Винтур, уредничката на „Вог“.

– Наша традиција е на насловната страница да ја имаме првата дама на САД и не гледам зошто овој пат би направиле исклучок – истакна Винтур во интервју за „Вол стрит журнал“.

Минатата година, раководството на „Вог“ одобри на насловната страница од списанието да се најде Хилари Клинтон, што предизвика шок во јавноста. На крајот, Клинтон не се фотографираше, па сега странските медиуми на шега коментираат дека Меланија ѝ ја одземала насловната страница на некогашната прва дама.

Инаку, ова нема да биде прв пат Меланија да се фотографира за „Вог“. Својата прва насловна таа ја имаше во 2005 година, кога се омажи за Доналд Трамп. Тогаш Словенката позираше во својата венчаница.