дома Европа ЈА ЗАМОТАА СО ВРЕЌИ ПЕСОК: Солунчани мирно ќе спијат, бомбата е деактивирана

ЈА ЗАМОТАА СО ВРЕЌИ ПЕСОК: Солунчани мирно ќе спијат, бомбата е деактивирана

Во деактивирањето на бомбата учествувале поголем број припадници на грчката армија. На жителите кои беа евакуирани веќе им е дозволено да се вратат во своите домови.

Замотана со вреќи песок, како и стегната со кожни ремени, бомбата од Втората светска војна, тешка 250 килограми беше деактивирана и изнесена од Солун со камион. Операцијата за деактивирање на бомбата траеше цел ден, а повеќе од 70.000 жители од градот беа евакуирани.

Властите во Солун вчера ги затворија патиштата во радиус од два километри од местото каде се наоѓаше бомбата, а со цел експертите безбедно да ја деактивираат.

Во евакуацијата на повеќе од 70.000 лица учествуваа 1.000 полицајци и 300 волонтери, по што луѓето беа сместени во локалните училишта, стадиони и ресторани.

Во деактивирањето на бомбата учествувале поголем број припадници на грчката армија. На жителите кои беа евакуирани веќе им е дозволено да се вратат во своите домови.