дома Македонија Три месеци немаат плата – ССМ бара да им се исплатат заостанатите...

Три месеци немаат плата – ССМ бара да им се исплатат заостанатите плати на вработените во „Колска“

Сојузот на синдикати на Македонија бара од надлежните институции да ги преземат сите мерки за работниците од фабриката за шински возила од Велес да ги добијат заостанатите плати.

Вработени во фабриката веќе неколку дена штрајкуваат, а денеска поддршка им дадоа и претседателот на ССМ Дарко Димовски и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски.

– Осумдесет и седум работници на фабриката за шински возила „Велес” со блокада на железничката пруга го изразуваат својот револт кон Владата, Министерството за транспорт и врски и Управата за јавни приходи, поради доцнење на платите. Патничките возови за Гевгелија и за Скопје  беа блокирани на железничката станица во Велес, се вели во соопштението од ССМ.

Вработените од фабриката за шински возила „Колска“ вчеа  го блокираа патничкиот железнички сообраќај на станицата во Велес.

Фабриката за шински возила „Колска“ постои веќе 105 години, а таа е единствен ваков капацитет во земјава кој може да поправа патнички и товарни вагони.