дома Хроника (Фото) Гори на врвот Петлец – втор пожар за два дена во...

(Фото) Гори на врвот Петлец – втор пожар за два дена во Малешевијата

Гори на врвот Петлец. Во пламен се дел од малешевските планини.

Ова е втор пожар за само два дена во Малешевијата.

Вчера во 15.00 часот во близина на хотел кај место викано „Беровско Езеро“, настанал пожар, во кој била опожарена смрека.

Инаку, врвот Петлец е познат и како местото на кое во 1906 година е убиен македонскиот револуционер Дамјан Груев.

Извор: kurir.mk