дома Свет Tpaгeдиja вo САД: Питбyл pacтpгнa ceдумгoдишнo дeвojчe пpeд oчитe нa нejзинaтa мajка...

Tpaгeдиja вo САД: Питбyл pacтpгнa ceдумгoдишнo дeвojчe пpeд oчитe нa нejзинaтa мajка – oвa ce дeтaлитe

Седумгодишно девојче од Северна Каролина е убиено додека нејзината мајка е повредена по нападот од куче од расата питбул во нивниот двор.

Несреќното девојче го познавало кучето кое живеело во соседството. Сопствениот на кучето дошол кај нив во дворот и ги замолил да го причуваат тригодишниот мажјак додека тој бил во трговскиот центар по набавка, објави СиБиЕс17.

Девојчето си играло во дворот, додека кучето, според зборовите на мајката, цело време седело во аголот и ја набљудувало улицата.

Кога видело друго куче почнало да ржи и девојчето дошло до него за да го смири. Тоа било фатална грешка зошто кучето од само нему познати причини, наместо позитивно да реагира на раката на девојчето ја гризнало и почнало да ја кине.

Девојчето врескало, а мајката излегла во дворот. Кучето после раката, девојето го изгризало за стомакот и не ја пуштало.

-Кога по две минути ја пушти, ме нападна мене. Додека го удирав, гледав како ќерката ми лежи во локва крв. Добив некоја неопислива сила за да се оттргнам од неговата вилица и со повредена нога отрчав до вратата од куќата по мотиката со која со избркав. Повикав итна помош, но беше доцна за мојата ќерка, ракажува мајката низ солзи.

Кучето брзо е фатено во соседството, и веднаш одведено во стационар. Сопственикот бил избезумен и му се слошило кога слушнал што се случило.

-Беше толку бесен на кучето и очаен поради девојчето па ја молеше полицијата и шинтерите лично да го успие кучето, откри Мајкл Мекивер од полициската станица во Гарнер.