дома Хроника (Фото) Детали од пykaњeто во Чаир

(Фото) Детали од пykaњeто во Чаир

Попладнево по 15:00 часот во близина на комплексот Чаирчанка во Чаир, пред продавница за автомобилски делови, беше пукано со огнено оружје. Според очевидци, судирот се случил помеѓу две групи млади лица кои откако физички се пресметале, употребиле и автоматско оружје од типот Калашников. Во моментов нема пријавени жртви.

Полицијата е на местото на настанот и го истражува случајот, додека сообраќајот во овој сегмент е целосно блокиран.

Сообраќајот во моментов е преориентиран кон „Пластичарска“.

Извор: Лајм

ФОТО: vecer.mk