дома Хроника Tpaгедија во Кавадарци: Еден зaгинaт и неколкумина повpeдени во cyдар на два...

Tpaгедија во Кавадарци: Еден зaгинaт и неколкумина повpeдени во cyдар на два автомобили и трактор

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва помеѓу трактор и два автомобили во Кавадарци, еден човек го загуби животот, а неколкумина други се повредени.

Од Итната медицинска помош потврдуваат за МИА дека има најмалку една жртва, но дека не може со сигурност да се каже точниот број на повредени.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, вели дека во тек е увид на лице место и засега не може да каже повеќе детали.