дома Европа Француски нayчници paзвиja пocигypeн тecт зa кopoнaвиpycoт

Француски нayчници paзвиja пocигypeн тecт зa кopoнaвиpycoт

Француски истражувачи користат ситни честички на антитела, извлечени од семејства на животни кои вклучуваат камили и лами, за да направат тест за кој тие тврдат дека може побрзо и поточно да откријат дали пациентите имаат Ковид-19.

Прототипот тест, наречен KorDial-1, не е одобрен за употреба, но првичните истражувања на 300 примероци покажаа точност од 90 проценти во споредба со тестот со полимеразна верижна реакција (ПЦР), најчесто користен метод за откривање на Ковид-19.

„Тестот може да обезбеди резултати во рок од 10 минути и може да се користи надвор од лабораторија“, наведе тимот што го произведе, додека тестирањето со ПЦР обично трае со часови во лабораторија.

Постојат и други брзи и преносни тестови за Ковид-19, но научниците се сомневаат во нивната сигурност.