дома Свет Tpaгeдиja: Hajмaлкy дeвeт лицa ce yдaвиja вo бpoдcкa нecpeќa..

Tpaгeдиja: Hajмaлкy дeвeт лицa ce yдaвиja вo бpoдcкa нecpeќa..

Најмалку девет лица се удавија кога брод, кој бил на семејна екскурзија, потона во езерото Мариут, јужно од египетскиот крајбрежен град Александрија, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот.

„Седум лица ја преживеаја несреќата, од кои пет добија лекарска помош“, се наведува во соопштението.

Во тек е потрагата по можни преживеани.

Засега не е позната причината за несреќата.

Бродот потонал вчера во попладневните часови, соопштија медицински и безбедносни извори.