дома Македонија Четворица од загинатите патници во сообраќајната несреќа во Бугарија се од Дебар

Четворица од загинатите патници во сообраќајната несреќа во Бугарија се од Дебар

Меѓу загинатите патници од Македонија во автобуската несреќата што се случи во Бугарија се и четворица жители на општина Дебар.

Од општина Дебар неофицијално потврдуваат дека станува збор за С.М.(1971) и неговата сопруга З.М.(1973) од Дебар и сопружниците Е.Р. (1980) и А.Р.(1984) од село Косоврасти и додаваат дека сепак чекаат официјална потврда од надлежните.

С.М. и Е.Р. биле вработени во Одделението за внатрешни работи во Дебар.

На социјалните мрежи веќе се изразува сочувство до нивните семејства.