дома Македонија HE CE ЗНАЕ ТОЧНИОТ БРОЈ НА ПАТНИЦИ ВО АВТОБУСОТ: Можеби дошло до...

HE CE ЗНАЕ ТОЧНИОТ БРОЈ НА ПАТНИЦИ ВО АВТОБУСОТ: Можеби дошло до префрлање на патниците за време на паузите?

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, откри дека не се знае точната бројката на патници во автобусот, бидејќи наводно во конвој возеле четири автобуси, застанувале на постојки за одмор на патниците и се смета дека можеби имало и префрлување на патници од еден во друг автобус.

За тешката сообраќајна несреќа во Бугарија, во која настрадаа 46 лица, првично се претпоставуваше дека во автобусот се возеле 52 патници, но по истрагата на полицијата се јавува сомнеж во точноста на приложениот список со патници.

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, откри дека не се знае точната бројката на патници во автобусот, бидејќи наводно во конвој возеле четири автобуси, застанувале на постојки за одмор на патниците и се смета дека можеби имало и префрлување на патници од еден во друг автобус.

– Сликата е ужасна, такво нешто не сум видел. Никој не може да каже колку се на број, ниту кои се, допрва треба да се идентификуваат – изјави министерот за внатрешни работи – Бојко Рашков.

Објавено е и дека Министерството за надворешни работи на Македонија и Амбасадата на Бугарија во Скопје се во постојан контакт. Од надлежните бугарски институции е побарано да се обезбеди приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од земјава со оглед на хуманитарниот аспект на случајот.