дома Локално Шахтите конечно ќе бидат рамни со улиците во Скопје

Шахтите конечно ќе бидат рамни со улиците во Скопје

На социјалната мрежа Фејсбук, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави дека се работи на тоа шахтите повеќе да не бидат пропаднати под нивото на улиците.

„Започнавме со нивелирање на шахтите во Скопје кои се подигнати повеќе од нормалното или пропаднати под нивото. Денеска бев на проверка на работите на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов каде се поставуваат самонивелирачки шахти.“ Напиша таа и додаде дека – „Ова беше еден од поголемите проблеми за кој граѓаните се жалат, а неговото решавање е дел од програмата на Град Скопје за првите 82 дена од мојот мандат.“