дома Актуелно Ќе има ли договор за предвремени избори: Средба Мицкоски – Axмети во...

Ќе има ли договор за предвремени избори: Средба Мицкоски – Axмети во Собранието

Денеска во 16 часот ќе се оствари средба помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др. Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети во македонското собрание, јави Канал 5.

На средбата ќе се разговара за актуелната состојба, политичката криза, недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ, застојот во евро интеграциите , како и за потребата од предвремени парламентарни избори.

Во веста не се спомнува темата предвремени избори но јавна тајна е дека ДУИ би сакала политичката криза да се затвори со предвремени избори на кои партијата на Ахмети според рејтинзите на анкетите повторно ќе биде убедлив победник во албанскиот блок.

Во меѓувреме за утре од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат пресконференција на лидерот Мицкоски.