Со дури 2,36 промили алкохол во крвта би откриен еден возач при вчерашните полициски контроли во скопската населба Драчево. МВР ја објави фотографијата од направениот алкотест од која се гледа во каква се алкохолизирана состојба возат некои учесници во сообраќај. На сајтот на МВР објавена е и фотографија со алкотест кој кај друг возач утврдил 2,10 примили алкохол.
Инаку, при вчершаните контроли на територијата на Драчево изречени се вкупно 166 мерки.
-Меѓу нив за возење без возачка дозвола 33,14 санкции за нерегистрирани возила, 6 мерки за користење мобилен телефон, 20 санкции за некористење сигурносен појас и 8 мерки за возење под дејство на алкохол, соопшти полицијата.