дома Свет 3eмјoтpec co jaчинa oд 5,5 cтeпeни peгиcтpиpaн вo Бајкалското Eзepo

3eмјoтpec co jaчинa oд 5,5 cтeпeни peгиcтpиpaн вo Бајкалското Eзepo

Земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран во Бајкалското езеро, а граѓаните на Иркутск го почувствуваа тресењето на тлото.

Земјотресот се случил во регионот Иркутск во 5:45 часот по локално време. „Земјотресот во епицентарот беше со јачина од 7,6 степени и во Иркутск од 5-6 степени. Јачината на земјотресот беше 5,5 степени, а тој припаѓаше на енергетската класа 14,0″, соопшти руската служба за кризни ситуации.

Според податоците на кризната служба, епицентарот се наоѓал во Бајкалското езеро, во Република Бурјатија, јавува агенцијата Тасс. Иако земјотресот го почувствувале многу жители на тој регион, нема податоци за материјална штета или повредени.