дома Македонија 3aeв: Ако нe ceга пpoблемот со Бугapија ќе го peшиме летово

3aeв: Ако нe ceга пpoблемот со Бугapија ќе го peшиме летово

Ако не го решиме проблемот со Бугарија сега, ќе го решаваме летово, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ Телма. Додаде дека и покрај ветото за почеток на преговорите со ЕУ што ни го постави Бугарија, ние остануваме во преговорите и ако не сега или напролет, налето ќе се договориме.

„Ние остануваме фокусирани да најдеме решение. Ја чувствувам горчината на народот, но мене ми припаѓа да ги решавам тешките прашања на нашиот пат до ЕУ. Да не заборавиме, за време на бугарското претседателство со ЕУ го вратија фокусот на тоа што го определува членот 2 од нашиот Договор за пријателство и соработка. Цел Самит беше посветен на нашите аспирации. Денеска го гледав видеото на Борисов. Тоа е Бојко Борисов. Тоа е неговата посветеност и во тоа јас гледам надеж дека час поскоро треба да го решиме спорот со Бугарија, без оспорување на нашите идентитетски определби“, рече премиерот Заев, и потоа додаде:

„Оти се одлучува во Брисел. Јас веќе сум подготвен за следното лето. Ние продолживме, денеска Бучковски, продолжуваме понатаму и ќе разговараме. Виде народот дека имаме црвени линии, дека апсолутно се води грижа за македонскиот јазик, македонскиот народ, македонската наша национална посебност и знаеме кај тераме, ама тоа терање е во Европската унија, притоа со загарантирано тоа што ни е свето, за што не само што не се преговара, туку не се ни разговара. Да се надеваме дека европскиот премиер Бојко Борисов ќе направи исчекор. Убеден сум дека тоа ќе му донесе поени на изборите. Ако не го решиме сега, ќе го решаваме летото“.