дома Македонија Cpeдношколците утре излегувaaт на улица

Cpeдношколците утре излегувaaт на улица

Средношколците за утре во периодот од 15.30 часот до 16.30 часот најавуваат протест кој ќе се одржи пред Министерството за образование. Покрај протестот, ќе има и бојкот на наставата во училиштата.

Средношколците бараат да биде укината државната матура.

-Исто така утре 11.12.2020 освен протестот пред МОН, ќе се одржи и бојкот низ средните училишта. Имаме информации дека во одредени средни училишта професорите вршат притисок врз учениците да не присуствуваат на протестот и бојкотот. Ве охрабруваме да излеземе бидејќи и ние средношколците имаме право на глас.“, се вели во соопштението.